Нутритивни вредности во 100 грама 
Калории
Протеини
Масти
Јаглехидрати
-од кои шеќери
-Природни влакна
Натриум
Калиум
Витамин





 
 276 kcal
  9,11 гр
  7,43 гр
63,94 гр
  1,71 гр
     37 гр
     55 мг
    814 мг

А, Ц, Калциум, Железо

     



 
ПотеклоМодификацииПакување
100 % ПриродноБез ГМОЌесичка/Тегличка
Мајчина душица (Thymus vulgaris), е билка позната по аромата и вкусот на своите суви ливчиња и цветни врвови. Мајчината душица е ниско растечка грмушка и вообичаено се одгледува како годишно растение, иако може да издржи како зимзелено повеќегодишно растение во топлите клими. Мајчината душица доаѓа од Евроазија а се одгледува низ целиот свет. Се употребува за зачинување на широк опсег на јадења , вклучувајќи живина, смеси, риба, јајца, меса, сосови, супи, зеленчук, сирења и тестенини. Мајчината душица е една од билките која се употребува за Бенедиктинскиот ликер и е карактеристичен зачин во традиционалното англиско јадење од зајачко месо. Главната компонента на есенцијалното масло е тимол или камфор од мајчина душичка, која се користи во производството на парфеми и средства за чистење, а некои сорти се одгледуваат и како украсни покривки од земја. 

 Достапен во: ВЕРО, РАМСТОР, ТИНЕКС, ЖИТО, ЗУР, ДИМ, ГИГО, ФУТУРА, ОМЕР, ДИСКОНТ М, МБ ИЛИНДЕН, ЕР ГРОС, ИРНЕКС, ПАКЕТ, ПАНИ.