Нутритивни вредности во 100 грама 
Калории
Протеини
Јаглехидрати
Масти

Вода
Натриум
Калциум
Железо
Магнезиум
Калиум
Витамин
 
263 kcal
  6,09 гр
72,12 гр
  8,69 гр
  8,46 гр

     77 мг
   661 мг
  7,06 мг
     35 мг
 1044 мг
                             А, Ц
                         
ПотеклоМодификацииПакување
100 % природноБез ГМОКесичка
Ловоров лист (Laurus nobilis), или ловор, се ливчињата од ловоровото зимзелено дрво кое потекнува од земјите кои граничат со Медитеранот. Ливчињата на медитеранскиот ловор, се употребуваат суви, за готвење, особено во јадења од месо и риба. Ловорот е познат зачин кој се користи за маринирање како и за зачинување на манџи и смеси. Ловоровите ливчиња се исклучително миризливи, но имаат горчлив вкус, затоа нежните и сјајни ловорови ливчиња најчесто се употребуваат цели, а потоа се отстрануваат од садот за јадење по готвењето. Ловорот се одгледува уште од античко време и со неговите ливчиња се изработувале венците од ловор, со кои биле крунисувани победниците во атлетика, во Стара Грција. За време на Средниот Век, ливчињата од ловор се користеле и во медицината. 

Достапен во: ВЕРО, РАМСТОР, ТИНЕКС, ЖИТО, ЗУР, ДИМ, ГИГО, ФУТУРА, ОМЕР, ДИСКОНТ М, МБ ИЛИНДЕН, ЕР ГРОС, ИРНЕКС, ПАКЕТ, ПАНИ.