Коријандерот е исушениот зрел плод од коријандер, Coriandrum sativum, или уште како се нарекува семе од коријандер. Потекнува од Медитеранот и Блискиот Исток, а се одгледува и во Европа, Мароко и САД. Семињата на коријандерот се жолтеникаво-кафени и имаат блага, мирисна арома и вкус сличен на комбинација од лимонова кора и жалфија. Коријандерот како зачин се користи во многу јадења, конкретно во колбаси, кари сосови, Скандинавски тестенини, ликери и кондиторски производи (слатки). Евиденција за употребата на коријандерот постои уште од 5000-та година п.н.е. кога Римјаните го користеле за зачинување на леб. 

Достапен во: ВЕРО, РАМСТОР, ТИНЕКС, ЖИТО, ЗУР, ДИМ, ГИГО, ФУТУРА, ОМЕР, ДИСКОНТ М, МБ ИЛИНДЕН, ЕР ГРОС, ИРНЕКС, ПАКЕТ, ПАНИ.