Кимион е исушениот плод на Cuminum cuminym, мало тенко растение со бели или розови цветови кое потекнува од Медитеранот, а се одгледува и во Индија, Кина, Мексико. Има карактеристично силна и тешка арома, додека вкусот е топол и е сличен на кимот. Кимионот е особено популарен во Азиската, Северно-африканската и Латино-американската кујна, и претставува неопходна компонента во многу миксови од зачини, како миксови со кари и чили, и во индискиот специјалитет Чатни. Некогаш кимионот на големо се користел за медицински цели, а денес маслото од кимионот се користи за парфеми, зачинување на некои ликери како и за медицинска употреба. 

Достапен во: ВЕРО, РАМСТОР, ТИНЕКС, ЖИТО, ЗУР, ДИМ, ГИГО, ФУТУРА, ОМЕР, ДИСКОНТ М, МБ ИЛИНДЕН, ЕР ГРОС, ИРНЕКС, ПАНИ.

Во тегличка достапен во: ВЕРО, РАМСТОР, ТИНЕКС, ФУТУРА, ПАНИ.