ПотеклоМодификацииПакување
100 % природноБез ГМОЌесичка / Тегличка
Каранфилчето е малата црвено-кафена пупка на тропското зимзелено дрво Eugenia caryophyllata. Важен зачин уште во почетокот на трговијата со зачини, за кој се верува дека потекнува од Молукас, или Островите на зачините во Индонезија. Силен во аромата, лут и остар во вкусот, каранфилчето се употребува за зачинување на многу јадења, особено на меса и пекарски производи. Во Европа и во САД, каранфилчето е карактеристичен зачин за време на Божиќните празници, кога се додава во греено вино и пита. Уште во 200-та година п.н.е., пратениците од Јава до династијата Хан во Кина донеле каранфилче кое вообичаено се држело во устата за да го освежи здивот при аудиенцијата кај Царот. Додека во доцниот Среден Век, каранфилчето се употребувало во Европа за конзервирање, зачинување и гарнирање на храната. 

Достапен во: ТИНЕКС, ВЕРО, РАМСТОР, ТИНЕКС, ЖИТО, ЗУР, ДИМ, ГИГО, ФУТУРА, ОМЕР, ДИСКОНТ М, МБ ИЛИНДЕН, ЕР ГРОС, ИРНЕКС, ПАКЕТ, ПАНИ.