Црвениот пипер е зачин кој се прави од пиперка (Capsicum annum), потекнува од Мексико, Централна Америка, Јужна Америка и Западна Индија. Пиперката се одгледува скоро низ целиот свет. Културите се засадуваат во рана пролет, а жетвата е во лето и на есен, кога пиперките се сјајни и зрели. Потоа пиперките се сушат и преку посебен процес на мелење се добива зачинот црвен пипер. 
Пиперката содржи малку шеќер, чија содржина се разликува во зависност од сортата, и е побогата со Витамин Ц од агрумите, односно цитрусните овошја. Розевата пиперка од Унгарија, генерално се смета дека е најдобрата сорта пиперки. 
Црвениот пипер е познат зачин во многу кујни низ светот. Најчесто се употребува на Балканот, во Унгарија, Шпанија и Мексико. Особено се поврзува со унгарската кујна како основа за лути, зачинети унгарски чорбести јадења, како гулашот.


Достапен во: КАМ, ВЕРО, РАМСТОР, ТИ ЕКС, ЖИТО, ЗУР, ДИМ, ГИГО, ДИСКОНТ М, ЕР ГРОС, МБ ИЛИНДЕН, ИРНЕКС, ПАНИ.