ПотеклоМодификацииПакување
100 % природноБез ГМОЌесичка
Буковецот е зачин кој се прави од пиперка (Capsicum annum), потекнува од Мексико, Централна Америка, Јужна Америка и Западна Индија. Пиперката се одгледува скоро низ целиот свет. Културите се засадуваат во рана пролет, а жетвата е во лето и на есен, кога пиперките се сјајни и зрели. Потоа пиперките се сушат и се дробат за да се добие зачинот буковец.
Пиперката содржи малку шеќер, чија содржина се разликува во зависност од сортата, и е побогата со Витамин Ц од агрумите, односно цитрусните овошја. Розевата пиперка од Унгарија, генерално се смета дека е најдобрата сорта пиперки. 
Буковецот е познат зачин во многу кујни низ светот. Најчесто се употребува на Балканот, во Унгарија, Шпанија и Мексико. Особено се поврзува со унгарската кујна како основа за лути, зачинети унгарски чорбести јадења, како гулашот.


Достапен во: СТОКОМАК, КИППЕР, ВЕРО, РАМСТОР, ТИНЕКС, ЖИТО, ЗУР, ДИМ, ФУТУРА, ГИГО, ПАКЕТ, ОМЕР, ЕР ГРОС, МБ ИЛИНДЕН, ДИСКОНТ М, ПАНИ, ИРНЕКС.