Фестивалот на чај во Република Македонија е проект на Здружението на граѓани Дијалог од Скопје кој започна во 2014 год. и континуирано се реализира веќе трета година по ред.

Поттикнати од повеќекратната улога на  чајот не само како тредиционална напивка , Здружението Дијалог со реализирањето на овој проект како културен настан, има за цел да ги истакне и доближи повеќекратните цели кои позитивно влијаат врз квалитетот и развојот на културниот и социјален живот на човекот.

Цели :
  • промоција на здрави животни навики кај младите како и кај сите граѓани;
  • едукација(луѓето се едуцираат за продукти кои се во функција на здравје и здрав начин на живот);
  • конекција со екологијата (чаевите и чистата еколошка средина се во тесна врска);
  • социо-економските можности кои произлегуваат од овој проект –развој на претприемничи капацитети, економска валоризација;
  • почитување, продолжување и надоградување на традицијата  во однос на проучување и правилно презентирање на лековитите својства на чаевите.  Поттикнување на истражувачките капацитети на научно ниво.
  • промоција на чајот како култура, филозофија или начин на живот како што е тоа во светски рамки.

Сите овие напоменати компоненти кои се опфатени на Фестивалот на чај, се остварливи единствено со извонредната соработка со луѓето, фирмите, Институтите во чиј фокус на работа или култура на дејствување е чајот како производ од природата.

Сите учесници како и странски учесници, ученици, студенти, културни работници исто така, од аспект на целите на овој проект, во интерактивна комуникација со луѓето, на овој настан ги презентираат своите професионални капацитети,  ги информираат луѓето за чаевите како производ, ги едуцираат, ги поттикнуваат , ги запознаваат луѓето за нивната работа и нивниот капацитет, а воедно на тој начин го поттикнуваат создавањето на теренот за идните генерации- нивни потенцијални колеги. 
 
МРК Дијалог
                                Јасмина Бошевска
                                 проект дизајнер