Семињата претставуваат ситни ароматични плодови и маслодајни семиња на тревните билки како што се семето од анасон, ким, сусам, афион и други. Често мали во големина, семињата се особено соодветни за извршување на широк спектар на функции и врски.
Семињата како лененото семе и сончогледот се богати со природни влакна кои придонесуваат за подобро варење на храната во стомакот и омега-3 масни киселини кои помагаат во одржување на функцијата на мозокот, ги хранат црвените крвни клетки и помагаат во борбата против воспаленија.
Економски гледано, семињата и плодовите кои ги содржат семињата, се важни, бидејќи примарно претставуваат извор на повеќе видови разнообразна храна – на пример, постои изобилство на корисни продукти обезбедени од страна на семињата како маслата за готвење, производството на маргаринот, за бојадисување , како средства за подмачкување итн., кои се добиваат од семињата на ленот, репката, памукот, афионот, рицинусот, сончогледот и други кои заедно формираат една голема група на економски продукти.