Мајчина душица

Мајчина душица

 

Поради пикантниот вкус, мајчината душица предизвикува рефлексна стимулација на лачењето на плунката, желудочните сокови и жолчните сокови, па со тоа го стимулира апетитот и го подобрува варењето.

Мајчината душица е незаменлива состојка во македонската, француската, шпанската, мексиканската и латиноамериканската кујна. Најчесто се користи како зачин за чорби, супи и сосови. Италијанците ја користат за зачинување на пици и лазањи. Англичаните ја додаваат во филови, зајачка чорба и говедски паприкаш, па дури и во благите јадења. Во САД со мајчина душица ја зачинуваат својата „национална супа'' клем чаудер.

Свежата мајчина душица обично се сецка. Од сушената мајчина душица, која наводно има посилна арома од свежата мајчина душичка, се користат или гранчињата кои се варат заедно со јадењето, па се вадат пред послужувањето (ливчињата обично ќе отпаднат), или пак иситнета или смелена

Галерија