3 ВИДА НА ЧИА ПОЈАДОК - ПОСЕН И МРСЕН

Чиа семето доби епитет за супер храна заради бројните здравствени придобивки кои ние луѓето ги добиваме доколку редовно го консумираме ова чудесно семе. 

Чиа семето е добро познато по тоа што е богато со антиоксиданти, витамини и минерали. Но, исто така содржи и добра количина на протеини. Чиа семето исто така помага во намалувањето на уморот и дава енергија. 

Содржи висока количина на влакна кои помагаат во одржувањето на здрав стомак. А Омега - 3 масните киселини кои ги одржуваат срцето и кожата здрави исто така се присутни во ова супер семе.

Во продолжение ви откриваме како да направите 3 видови на вкусен чиа појадок употребувајќи две главни состојки.

За подготовка ќе ви биде потребно чиа семките да ги потопите во обично или кокосово млеко (кокосовото млеко е добра замена за оние кои постат или се интолерантни на лактоза) и да ја оставите смесата преку ноќ, а утрото само ги додавате состојките кои ви ги откриваме во продолжение.


Чоколаден чиа пудинг - за овој вид на пудинг ќе ви бидат потребни:

● Чиа семе - 3 супени лажици
● Млеко - една шолја
● Какао во прав - 2 супени лажици 

Најпрво во сад сипете од чиа семето, а потоа додадете го какаото. Веднаш потоа ставете го млекото кое претходно малку ќе го загреете , за да може полесно да се стопи какаото. На крај додадете го медот и добро промешајте. 

Овошен чиа пудинг - вашето утро може да го започнете и со овошен чиа пудинг за кој ќе ви бидат потребни:

● Чиа семе - 2 супени лажици
● Кокосово млеко - 1/2 чаша
Путер од кикирики  - 1 супена лажица
● Џем по ваш избор
● Мед - 1 до 2 супени лажици

Подготовка:  Во тегличка ставете го млекото, путерот од кикирики, чиа семето и промешајте ги убаво. Покријте ја тегличката и оставете ја да преноќи во фрижидер. Утрото зачинете со уште малку џем и путер и уживајте. 

Чиа пудинг со куркума.

Чиа семето и куркумата се моќно дуо. Куркумата има анти-инфламаторно дејство и се одликува со бројни придобивки за здравјето, но исто така и за убавината. Заедно со куркумата, овој рецепт за појадок е исклучително моќен. 

● Чиа семе - 2 супени лажици
● Кокосово млеко - 12 чаши 
● Куркума - 1/4 супена лажица
● Урми - 2 до 3 

Подготовка: Во тавче, додадете го млекото, урмите и куркумата да зовријат. Потоа, течноста префрлете ја во сад, додадете го чиа семето и промешајте убаво. Ставете ја смесата во фрижидер и оставете да преноќи. Утрото, додадете малку цимет и овошје и појадувајте. 

Совет: Освен млеко, може да направите микс од пола шолја млеко и пола шолја јогурт за да се интензивира вкусот на чиа пудингот. Исто така може слободно да додавате по малку цимет и овошје по избор.