Тарагон, или уште познат како естрагон е автохтона билка која потекнува од Јужна Европа, а денес може да се најде во посушните предели на Северна Америка, Јужна Азија и Сибир. Интересниот тарагон е „витален“ зачин од кујната на многу европски земји, а посебно е познат и користен во Франција. Важи за префинет зачин кој има нежен слатко-горки вкус со арома слична на анасон, па дава посебен печат на вкусот на јадењата. Тарагонот е познат како моќен носител на вкусови во кујната, почнувајќи од салати, па до главни јадења со месо и риба, во преливи и интересни прилози за гарнирање.
Достапен во: Тинекс, Рамстор, Жито маркет, Стокомак, Веро, Пакет.мк, Маркет Зур, Кипер, Кам, Гранап, Гиго Трејд, Омер Компани, Дил Маркетс, Атва Маркет, Балкопром, Футура, Дисконт М, Рисал.