Рузмарин (Rosmarinus officinalis) е мало зимзелено растение чии ливчиња се употребуваат за зачунување на храна. Потекнува од медитеранскиот регион, а е натурализиран низ поголемиот дел од Европа, и главно се одгледува каде преовладува топла клима. Ливчињата имаат остар, помалку горчлив вкус и генерално се употребуваат умерено, суви или свежи, за зачинување на јадења, особено за јагнешко, кокошкино и паткино месо, колбаси, морска храна, полнења, чорби, супи, компири, домати, репка, други зеленчуци и за пијалаци. Во античките времиња се верувало дека рузмаринот ја зајакнувал меморијата, а во литературата и фолклорот претставува симбол за признавање и верност. Рузмаринот е малку стимулативен, а во традиционалната медицина претставувал позната ароматична состојка за тоници и линименти. Денес миризливото масло од рузмаринот се користи во бројни тоалетни производи и во пијалокот вермут.
Достапен во ќесичка: Тинекс, Рамстор, Жито Велес, Стокомак, Грандпром Зур, Гиго Трејд, Гранап, Омер компани, Денар дисконт, МБ Илинден, Футура, Меше промет, Шопе, Карат, Семафор, Балкопром, Монтенегро.
Достапен во тегличка: Тинекс и Жито Велес.