Ориганото е исушеното ливче и врвот од цветот на растението Origanum majorana. Се нарекува, уште и сладок мајоран. Потекнува од медитеранскиот регион на Европа и западна Азија, а денес се одгледува и во северните клими, но кога ќе дојде зима, растението не успева да преживее. Неговите свежи или суви ливчиња се употребуваат за зачинување на многу јадења, пренесувајќи топол, ароматичен, помалку остар и горчлив вкус. Ориганото е особено ценето поради вкусот што го дава на меса како колбаси, живина, риба, потоа на сосови, чорби, јајца, зеленчук и разни салати.
Достапен во ќесичка: Тинекс, Рамстор, Стокомак, Жито Велес, Грандпром Зур, Гиго Трејд, Принц, Гранап, Омер компани, Денар дисконт, МБ Илинден, Футура, Меше промет, Шопе, Карат, Семафор, Балкопром, Монтенегро.