Мајоранот (Majorana Hortensis Moench), е зачин кој потекнува од Мала Азија. Се употребува свеж и исушен, иако губи добар дел од својата арома кога е сув. Позната е неговата примена во производството на колбаси, а е одличен додаток за скоро сите видови на јадења од месо, вклучувајќи свинско, телешко или јунешко и јагнешко, а особено се препорачува за јадења од џигер и морска риба.
Достапен во: Тинекс, Рамстор, Жито маркет, Стокомак, Веро, Пакет.мк, Маркет Зур, Кипер, Кам, Гранап, Гиго Трејд, Омер Компани, Дил Маркетс, Атва Маркет, Балкопром, Футура, Дисконт М, Рисал.