Ловоров лист (Laurus nobilis), или ловор, се ливчињата од ловоровото зимзелено дрво кое потекнува од земјите кои граничат со Медитеранот. Ливчињата на медитеранскиот ловор, се употребуваат суви, за готвење, особено во јадења од месо и риба. Ловорот е познат зачин кој се користи за маринирање како и за зачинување на манџи и смеси. Ловоровите ливчиња се исклучително миризливи, но имаат горчлив вкус, затоа нежните и сјајни ловорови ливчиња најчесто се употребуваат цели, а потоа се отстрануваат од садот за јадење по готвењето. Ловорот се одгледува уште од античко време и со неговите ливчиња се изработувале венците од ловор, со кои биле крунисувани победниците во атлетика, во Стара Грција. За време на Средниот Век, ливчињата од ловор се користеле и во медицината.
Достапен во: Тинекс, Рамстор, Жито маркет, Стокомак, Веро, Пакет.мк, Маркет Зур, Кипер, Кам, Гранап, Гиго Трејд, Омер Компани, Дил Маркетс, Атва Маркет, Балкопром, Футура, Дисконт М, Рисал.