Коријандерот е исушениот зрел плод од коријандер, Coriandrum sativum, или уште како се нарекува семе од коријандер. Потекнува од Медитеранот и Блискиот Исток, а се одгледува и во Европа, Мароко и САД. Семињата на коријандерот се жолтеникаво-кафени и имаат блага, мирисна арома и вкус сличен на комбинација од лимонова кора и жалфија. Коријандерот како зачин се користи во многу јадења, конкретно во колбаси, кари сосови, Скандинавски тестенини, ликери и кондиторски производи (слатки). Евиденција за употребата на коријандерот постои уште од 5000-та година п.н.е. кога Римјаните го користеле за зачинување на леб.
Достапен во: Тинекс, Рамстор, Жито маркет, Стокомак, Веро, Пакет.мк, Маркет Зур, Кипер, Кам, Гранап, Гиго Трејд, Омер Компани, Дил Маркетс, Атва Маркет, Балкопром, Футура, Дисконт М, Рисал.