Кимион е исушениот плод на Cuminum cuminym, мало тенко растение со бели или розови цветови кое потекнува од Медитеранот, а се одгледува и во Индија, Кина, Мексико. Има карактеристично силна и тешка арома, додека вкусот е топол и е сличен на кимот. Кимионот е особено популарен во Азиската, Северно-африканската и Латино-американската кујна, и претставува неопходна компонента во многу миксови од зачини, како миксови со кари и чили, и во индискиот специјалитет Чатни. Некогаш кимионот на големо се користел за медицински цели, а денес маслото од кимионот се користи за парфеми, зачинување на некои ликери како и за медицинска употреба.
Достапен во ќесичка: Тинекс, Жито Велес, Грандпром Зур, Гранап, Омер компани, Денар дисконт, МБ Илинден, Футура, Меше промет, Шопе, Ирнекс, Карат, Семафор, Балкопром, Монтенегро, Маркт Плаз.
Достапен во тегличка: Тинекс, Жито Велес.