Препорачано

Зачинот кој ја крие тајната за добра Цезар салата

Интересниот тарагон е „витален“ зачин од кујната на многу европски земји, а посебно е познат и користен во Франција. Важи за префинет зачин кој има нежен слатко-горки вкус со арома слична на анасон, па дава посебен печат на вкусот на јадењата. Тарагонот е познат како моќен носител на вкусови во кујната, почнувајќи од салати, па до главни јадења со месо и риба, во преливи и интересни прилози за гарнирање.


Овој многу популарен зачин во светот на храната и готвењето сега е лесно достапен и кај нас! Прочитајте подетално за неговата употреба, каде може да го најдете и пробајте го, нема да зажалите!
 

Од кога датира употребата на тарагонот?


Тарагон, или уште познат како естрагон е автохтона билка која потекнува од Јужна Европа, а денес може да се најде во посушните предели на Северна Америка, Јужна Азија и Сибир. Латинскиот назив му е „Artemisia dracunculus“. Интересно за името е тоа што „dracunculus“ во превод значи „мал змеј“, а се смета дека го добило според изгледот на неговиот корен или поради неговата „огнена“ арома. Во секој случај, за тарагонот се верувало дека има моќ на исцелување при каснување од змија и други отровни животни.

Податоците на истражувачите зборуваат дека во древните времиња, сокот направен од естрагон и коморач, бил омилен напиток на индиските кралеви. Уште од тогаш, предците го користеле како лек кој ги чисти крвните садови, помага при пореметувања и болести на желудникот, менструални и забни болки, како и за подобрување на апетитот.

 

Повеќе за тарагонот може да прочитате на следниот линк:
Тарагон моќен носител на вкусови
www.sezahrana.mk
 

Поврзани блог статии