-
01.04.2017
-
Здрава храна, Зачини
Куркумата е цветно растение, Curcuma longa од семејството на ѓумбир, Zingiberaceae, чии корени се користат при готвење. Растението е со потекло од индискиот потконтинент и југоисточна Азија, Корените се користат свежи или варени во вода и сушени, по што се мелат во длабок портокалово-жолт прав што обично се користи како средство за боење и ароматизација во многу азиски кујни, особено за кари, како и за боење, карактеристики што ги дава главната состојка на куркумата, куркумин.
Правот од куркума има топол, горчлив, вкус налик на црн пипер и арома на земја, како сенф.
Куркумата претставува богат извор на железо,магнезиум,цинк,манган,витамин Б6,витамин Ц,витамин Е,диетални влакна. Во современата наука како и во традиционалната медицина високо се цени нејзиниот лековит ефект заради содржината на алкалоидот куркумин кој е основниот состав на растението.
Куркумата како зачин се користи во различни јадења, најчесто во индиски специјалитети, супи, чорби, подготовка на месо особено пилешко, рижото, паста итн., но за да ги задржи хранливите состојки треба да се додаде при крајот на готвењето.
Поврзани блог статии